Во прекин сообраќајот кај Градско

Денес и утре во прекин ќе биде сообраќајот кај Градско.

Според информација од Мануфактура продукција, добиена денеска во 08:45 часот, автопатот А1 (делницата од Мотел Македонија до Градско) е затворен за сообраќај од 05:00 до 18:00 часот, поради снимањето на филмот “A Fond”. Сообраќајот се одвива по стариот пат.

Освен денес – 12.11.2015, сообраќајот ќе биде затворен за сообраќај и утре – 13.11.2015 во истиот временски период.