
Последните резултати покажуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот.
Луѓето кои што немаат проблем со вишок на килограми, за појадок вообичаено консумираат овошје, млечни производи и житарки.
Кога се работи за ручекот, тие најчесто се одлучуваат за салата со пилешко месо како главна состојка. Што се однесува до вечерата, нивниот избор е зеленчукот, без разлика дали тој ќе биде свеж, сварен или поширан. За која верзија и да се одлучите, изборот е правилен.
Треба да имате предвид дека овој вид на исхрана не е диета, туку се состои од правилно избалансирани оброци кои што според својот состав на телото му обезбедуваат грст од хранливи состојки, витамини, минерали и секако, чувство на ситост.
Како исклучително важни испитаниците ги навеле и овошните ужинки. Тие им ја даваат потребната енергија и го одржуваат нивото на шеќерот во крвта.
Важно е да се напомене и дека поголемиот дел од испитаниците биле физички активни и дека се занимавале со некаков вид на рекреација.