
Тој бил пронајден во неговиот дом во Баја Маре, а кога пристигнале лекарските екипи можеле само да ја констатираат неговата смрт.
Легендарниот Лучиан Балан не напушти на 56-годишна возраст. Тој реши да стави крај на својот живот, откако пред еден месец ја загуби мајка си, гласи соопштението објавено на сајтот на Стеауа.
Градоначалникот на Баја Маре, Каталин Керекеш, го искажа своето жалење од големата трагедија.
Шокиран сум. Вчера зборувавме со него и договоривме средба за денеска. Имаше проблеми кои се зголемија со смртта на неговата мајка. Таа му беше единствен преостанат член од семејството, изјави градоначалникот на Баја Маре.