На него аплицираа 64 домашни компании, со вкупно 70 апликации за изразување интерес за ангажирање на странски експерт, од кои 46 апликации се од мали компании кои имаат од 5 до 49 вработени и 24 апликации кои се поднесени од средни компании кои имаат од 50 до 250 вработени лица. Најголем е бројот на компаниите кои се занимаваат со производи за секојдневна потрошувачка (33 %), потоа од компаниите од секторот услуги (27 %), како и од компании од областите индустриско производство (24%), технологијата (10%), производството на базични материјали и од областа на здравството (по 3%).
домашните компании најголем интерес покажале за ангажирање на странски експерти во областа на производството и технологијата (32 апликации), областа на маркетингот и продажбата (23 апликации) и областа на менаџмент во работата (9 апликации).
Позитивни резултати од првиот проект
На првиот оглас аплицираа 100-ина компании. 85% од компаниите каде што престојувал странскиот експерт истакнале дека како резултат на неговата експертиза и подобрувањето на деловниот перформанс од таа експертиза отвориле или се во процес на отворање на нови работни места.
45% од компаниите истакнаа дека странскиот експерт помогнал во подобрување на производствениот или услужниот процес на претпријатието, 45% истакнале дека имале придобивки во делот на маркетингот, а 10% во делот на процесите на анализа и планирање на дејноста.
46% од странските експерти беа ангажирани во компании кои се од областа на производството на производи за широка потрошувачка, 11% партиципираа во компании од услужната дејност, а 8% во компании од областа на технологијата.
Опфатени беа компании од 20 градови во државата, кои се различни по обем на вработени.