
На Самитот Б20 денес ќе дадат препораки за унапредување на економската активност, што има клучна улога во постигнување на силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво, додека на вториот ден од самитот заедно со шефовите на владите на најмоќните земји, светските лидери од нашата групација Г20, ќе дискутираме и ќе дебатираме на повеќе теми, а најмногу во фокусот ќе ни биде растот на инвестициите, трговијата, зголемувањето на работните места и секако, конкурентноста на пазарот.
Ова во изјава за порталот „Курир“ го посочува претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска која учествува на годинашниот дводневен Самит Б20/Г20 кој се одржува во Анталија, Турција.
Б20 е собир на светските бизнис лидери чија главна задача е да дадат препораки за унапредување на економската активност која има клучна улога во постигнувањето силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво.
Заедно со шефовите на владите на најмоќните земји, светските бизнис лидери Б20, два дена ќе дебатираат на повеќе теми. Во фокусот на бизнисот се растот и инвестициите, како и трговијата, работните места и конкурентноста.
На Самитот Б20, односно собирот на светските бизнис лидери, на кој присуствуваме за првпат од Република Македонија, денес ќе дадат препораки за унапредување на економската активност, што има клучна улога во постигнување на силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво, додека на вториот ден од самитот заедно со шефовите на владите на најмоќните земји, светските лидери од нашата групација Г20, ќе дискутираме и ќе дебатираме на повеќе теми, а најмногу во фокусот ќе ни биде растот на инвестициите, трговијата, зголемувањето на работните места и секако, конкурентноста на пазарот. Бидејќи глобалниот раст е на генерално незадоволително ниво, ќе дебатираме за имплементирање на одредени структурни реформи за раст, како и за подобрување на квалитетот на приватните инвестиции, односно зголемување на инвестициите во инфраструктурите, а исто така ќе бидат вклучени и прашања кои се однесуваат на енергетиката и климатските промени, рече таа.
Покрај бизнис аспекот на Б-20 како бизнис крило на Г-20, на Самитот значајни точки се и борбата против тероризмот и мигрантскиот проблем.
Вклучувањето на Б20 групата во работата на Г-20 во текот на годините доби големо значење, како одраз на реалноста дека закрепнувањето од глобалната финансиска криза бара акција од целото општество.