Домаќин на самитот Г20 ќе биде претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган. Најавено е присуство на американскиот претседател Барак Обама и на рускиот Владимир Путин, на британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, на Кина Џи Јинпинг,…

Покрај бизнис аспекот на Б-20 како бизнис крило на Г-20, на Самитот значајни точки се и борбата против тероризмот и мигрантскиот проблем.
Вклучувањето на Б20 групата во работата на Г-20 во текот на годините доби големо значење, како одраз на реалноста дека закрепнувањето од глобалната финансиска криза бара акција од целото општество.
Минатата година самитот се одржа во Брисбен, Австралија, а догодина ќе биде во Кина.