
Исчезна 16-годишно девојче од Јагуновце. Случајот, како што информира МВР, во полициската станица во Јагуновце го пријавил таткото на девојчето, 49 – годишниот М.Б.
Тој рекол дека истиот ден околу 17,00 часот неговата 16 годишна ќерка излегла да си оди дома од село Желино каде била на гости, по што и се губи секаква трага.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.