Осум месеци по нападот врз „Шарли Ебдо“, Франција повторно беше турната во ужас. Сценаритото од кое најмногу стравуваа тајните служби се случи: бројни симултани напади во срцето на Париз и на едно многу симболично местo, стана реалност во текот на минатата ноќ.
Ова е една од најголемите трагедии со кои се соочува Франција од крајот на Втората светска војна.

Наспроти теророт, Франција треба да биде голема, таа треба да биде силна, изјави нешто пред полноќ Франсоа Оланд, претседателот на Франција, кој непосредо пред тоа прогласи вонредна состојба.
Ова е само трет пат во Франција да се користи оваа мерка, последниот беше во 2005 година по нередите во предградијата. Претседателот и владата прогласија засилување на контролите на границите, забрането е движењето во квартовите погодени од атентатите. Франција се наоѓа во опсадна ситуација, низ целиот париски регион, полицијата започна со претреси. Франсоа Оланд најави дека побарал засилување од армијата, а на улиците во Париз можат да се видат како патролираат војници.

Ноќта на теророт…