Според информациите на француските медиуми, двајца од седумте терористи се идентификувани како Исмаел М. и Абдулкакбак Б. Ако првиот и бил познат на полицијата за прекршоци од кривична природа, вториот не регистриран во полициската евиденција.
Еден од напаѓачите сакал да ја активира бомбата во стадионот Стад де Франс
Весникот „Волстрит журнал“ тврди дека еден од терористите кој делувал околу Стадионот на Франција во Сен Дени, најпрво се обидек да влезе во стадионот. При безбедносната контрола на влезот, еден од чуварите го открил појасот со експлозив што го носел на него. Во тој момент тој ја активирал бомбата. Според полицијата, неговата цел била да ја активира внатре во стадионот.

Полицијата е убедена дека исламистите што ги предизвикаа крвавите напади во Париз се професионални, многу координирани, постапувајќи со методи на командоси и неверојатна смиреност. Јасно кажано, профил на млади борци вратени од воените зони.
Пронајден сириски пасош
Полициски извори потврдија дека во саботата наутро е пронајден сириски пасош во близина на Стад де Франс, до трупот на еден од напаѓачите.
Овај пасош…