Овај пасош бил регистриран во Грција во октомври, изјави грчкиот заменик министер задолжен за полицијата. Тој влегол во Грција на 3 октомври 2015, но не е кажано дали е контролиран на другите граници и како и преку која земја дошол во Франција. Според грчките власти, Франција побарала и од другите земји да извршат истрага за ова лице.

Францускиот премиер Мануел Валс потврди дека ќе се одржи конференцијата за климата КОП21 исто како и регионалните избори, бидејќи како што рече, не треба да се попушти пред терористите.
Претходно тој во интервјуто за ТФ1, изјави дека Франција е во војна.
Ние ќе го нападнеме тој непријател за да го уништиме. Франција е одлучна да победи во оваа војна, рече Валс.
Во знак на почит за загинатите во нападите, Ајфеловата кула ќе остане изгасната цела ноќ.