ЦРРЦ, информира министерот Мисајловски, согласно договорот на МЖ Транспорт треба да испорача уште еден електромоторен воз до крај на годинава, а во првиот квартал следната година четири воза на дизел погон.
Железницата од денеска влегува во нова ера во која граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт. Овој воз со капацитет од 200 патници е еден од најсовремените произведени возови, направен согласно сите стандарди на ЕУ, рече Мисајловски. Во истовреме со пуштањето на новиот воз, оцени, значајно ешто завршуваат активностите за обнова на Железничката станица во Скопје, во што се инвестирани 2,6 милиони евра и оти се во тек такви активности за реконструкција на уште десет железнички станици долж Коридорот 10, вложување од 2,5 милиони евра.

Активно се работи, како што рече, и на целосно железничко поврзување на Коридорот 8, со обнова и изградба на пруги.
Како дел од инвестицискиот циклус во железницата, истакнаа владините претставници, почната е изградба на пругата кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце, а во првата половина на следната година треба да започне обновата и изградбата на потегот Бељаковце-Крива Паланка. Се подготвува потребаната документација за изградба на железничката делница од Кичево до границата со Албанија. Најавено е и дека во следните години треба да заврши и ремонтот на железничката пруга Ногаевци-Градско-Неготино, како и проектот за изградба и обнова на делницата Битола-Кременица и изградба на крак кон Индустриската зона Жабени.