
Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски за Канал 5 раскажува каква е состојбата во Париз. Ристовски живее во француската метропола раскажува каква е состојбата по нападите.
Во трговкиот центар каде што бев, се претресуваа сите, и мајки со мали бебиња и стари лууѓе. Не може да се купи леб и млеко без да те претресат. Мерки се затегнати. Очекувам овие денови да биде постегнато и понапнато. Но, потоа очекувам да се смири ситуацијата, исконтролиран е секој кварт. Беше многу напнато има многу полиција и војска. Јас живеам во кварт каде што се Евреите, а тие се најчуван народ на светот, посебно овде има присуство секаде на вооружена полиција и војници, вели Ристовски.