Десетици уапсени за нападите во Париз

Полицијата е во потрага по 26-годишниот Французин за кого се верува дека бил „директно вклучен во нападите“. Синоќа француските и белгиските власти објавија фотографија и меѓунартодна потерница по 26-годишниот Салах Абдеслам, во која се наведува дека тој е мошне опасен и дека јавноста не треба да превзема ништо „на своја рака“ доколку го забележи.

eden-napagjachi-1

Салах бил сопрен во автомобил Фолксваген Поло кратко по нападите, а во возилото имало и други лица. Полицијата го пуштила да помине откако му била извршена проверка на личните документи, оттогаш, осомничениот е во бегство.

Еден од браќата на Салах, Ибрахим е еден од лицата што извршија самоубиствени напади во петокот.

Досега се идентификувани пет терористи од седумте што го загубија животот за време на нападите. Нивните роднини во моментов се во притвор и ги испрашуваат. Според истрагата, најмалку 20 лица биле вклучени во нападите во Париз.