Белгиската полиција почна антитерористичка операција во бриселскиот кварт Моленбек.
Овој белгиски кварт се смета за „легло на радикалните исламисти“. Во него живеат претежно мигранти, а во текот на последната година и пол веќе четврти пат се поврзува со сторен или планиран терористички напад.
Голем број припадници на полицијата во утринските часови пристигнаа во тој дел од престолнината на Европската унија, а според поединечни извори се слушаат пукотници.