Ова се 25-те најдобри цитати од еден од најголемите писатели на модерното време…
-Светот без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Ниту можеш да го допреш, ниту можеш да го вдишеш;
– Мислев дека луѓето созреваат постепено, малку по малку… Се испостави дека не е така. Тие созреваат „преку ноќ“.
– Не постои погрешно мислење. Постојат мислења што не се сложуваат со нашето. Тоа е се.
– Колку сме постари, толку повеќе неможеме да ги ставиме нештата на свое место.
– Она што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, иако исчезнува засекогаш, остава празнина што никогаш неможеме да ја залечиме.
– Кога се прегрнуваме, ги делиме своите стравови.
– Кога секоја личност би верувала во среќен крај, светот би немал од што да се плаши.
– Без разлика колку и да се трудиш, не постои начин да побегнеш од болката што ја чувствуваш кога си вознемирен.
– Изразувајте ги сопствените чувства. Многу е полошо да ги потиснувате. Тие ќе се насоберат во вас и ќе станат се потешки. На крајот ќе умрете.
– Никој не сака да биде сам. Јас мразам кога сум разочаран.
-Се чини дека срцето е скриено зад дебела лушпа и дека само неколку луѓе може да стасаат до него. Најверојатно поради тоа ми е тешко навистина да ја почувствувам љубовта.
– Искреноста што ја пружаме и примаме и желбата да помогнеме се најважни нешта.
– Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.
– Кога на луѓето им се дава надеж тоа им помага да живеат подолго. Без надеж не постои „подолго“.
– Нашата стварност е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она што сакаме да го запомниме.
-Не постои тајна што еднаш нема да експлодира од срцето.
– Најважната работа не е некое големо откритие што другите го сфатиле пред вас, туку оние мали мисли што ви доаѓаат сами…
– Што е осаменоста? Таа е слична на чувството кога во дождлива ноќ стоиш пред големиот брег и гледаш како моќниот бран се спојува со морето.
-Сеќавањата не греат од внатре. Но и силно не болат.
– Кога гледате долго во морето, почнуваат да ви недостасуваат луѓето. Кога гледате луѓе, почнува да ви недостига морето.
– Секој и се изгледа убаво кога ги посматрате од дистанца.
– Често се случува најважните работи во светот да почнат со трки.
– Движењето во погрешна насока со голема брзина е полошо отколку кога воопшто не се движиме.
– Кога немате никого со кого би ги споделиле вашите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат помеѓу себе.
– Ако се случува се, онака како што сте посакувале, животот ќе стане здодевен.