Истанбул ја избегна судбината на Париз, спречен терористички напад

Истанбул ја избегна судбината на Париз. Турските власти спречиле голем џихадистички напад, планиран за петокот во Истанбул, кога во Париз беа извршени крвавите терористички напади,соопшти турски владин претставник.

Сметаме дека подготвувале напад во Истанбул во истиот ден кога беа извршени нападите во Париз. Првите резултати од нашата истрага покажуваат дека сме спречиле голем напад, изјави изворот, кој побарал да остане неименуван, пренесува БТА.

Како што пренесува „Раша Тудеј“ минатата недела туркста полиција успеала да разбие терористичка ќелија предводена од британски џихадист, а се претпоставува дека групата планирала поголем терористички напад во Истанбул во исто време кога се одвиваа крвавите терористички напади во Париз.

Пет лица биле уапсени минатата недела во Истанбул, меѓу кои бил и џихадист поврзан со озлогласениот милитант на ИД Џихадистот Џон, за кого САД тврди дека бил убиен за време на напад на дрон во Сирија.