„Курир“: СДСМ се легитимираше, тие стојат зад заканите по живот врз новинари

Со ваквото соопштение каде дополнително напаѓа медиум само поради тоа што не работи под нивна контрола, СДСМ само потврдува дека стои зад грозоморните закани кои ги добиваме, велат од редакцијата на „Курир“.

СДСМ ниту еднаш не ги осуди смртните закани од свои членови до новинарите на Курир. Оваа партија која 10 години е во опозиција, не излезе со никаков коментар во заштита на новинарите иако постојано говори дека силно ја почитува слободата на говор, пишува „Курир“.

Оттаму велат дека партијата на Зоран Заев, напротив, во своите соопштенија изминативе денови дополнително го напаѓа Курир.мк и неговите вработени. Притоа нагласуваат дека денес од СДСМ беше испратено цело партиско соопштение, наменето токму до нивната редакција, во кое апелираат до „Курир“ да ги повикаат меѓународните институции.

Медиумските курири во текот на вчерашниот ден најавија дека ќе повикаат меѓународни институции за медиумите во Македонија. СДСМ едвај чека тоа да се случи, велат од СДСМ.

Порталот нагласува дека СДСМ воопшто не посвети внимание на сериозните закани по живот кои ги добија вработените во „Курир“ и не испрати ниту една осуда.

Да потсетиме, оваа партија држеше прес-конференции, па дури излегуваше и на протест кога стануваше збор за новинар кој ги аминува нивните политики. КУРИР ги извести институциите. Само еден ден по грозоморните закани, реакција стигна од Европската Комисија.

Европската комисија ги осуди заканите по животот на новинарка на македонскиот интернет-портал „Курир” и нејзиниот петгодишен син од страна на активист на опозициската СДСМ, пренесе МИА.

Повикувајќи се и на забелешките за слободата на медиумите во последниот прогрес-извештај, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич, порача дека „Брисел осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат”.

КУРИР ги информираше и новинарските здруженија во земјава. Од ЗНМ и Насер Селмани, кој е близок до СДСМ, засега редакцијата не добила ни збор. МАН испрати остра осуда за ваквите случувања.

Спротивно на поглавјето од Извештајот за медиуми каде претставници на ЕУ за Македонија информираат дека притисоци се вршеле врз двајца новинари блиски до опозицијата, јасно е дека во Македонија најмногу притисоци преку тужби, физички напади, јавни закани и попречување во професионалната работа вршат СДСМ и активисти на Сорос и нивни ограноци. Активисти на СДСМ објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваат со физичко насилство врз новинари од порталот, реагираа од МАН.

Порталот уште еднаш потсетува на заканите што нивна вработена ги доби од член на СДСМ и пријател на партискиот портпарол Петре Шилегов.

goraaaanzakanaa

goransilegovvv2323

СДСМ продолжува да атакува врз Курир, а Курир ќе продолжи за сите вакви и слични напади да ги известува и да бара осуда од меѓународните институции. Повторуваме, СДСМ не испрати ниту една осуда за тоа што нивни член се заканува врз вработени во медиум, па и 5 ипол годишно дете. Со ваквото соопштение каде дополнително напаѓа медиум само поради тоа што не работи под нивна контрола, СДСМ само потврдува дека стои зад грозоморните закани кои ги добиваме, велат од „Курир“.