
Шест годишно дете е во тешка состојба откако неговата 37 годишна мајка, утрово околу 9 часот го фрлила од четвртиот кат на зграда во скопски Хипдром.
Според полициски информации, жената откако го фрлила детето и самата скокнала од зградата. И таа како и нејзиното дете се е во тешка состојба и се пренесени во Ургентниот центар.
Од болнички извори, детето е со скршеници на коските на главата, а мајката која има скршеници на рбетот е приклучена на апарати за дишење и не е контактибилна.
Иако детето полека станува контактибилно и засега нема крварење во главата, лекарите најавуваат дополнутелни испитувања и во моментот не може да дадат прецизна прогноза за состојбата на детето.
Очевидци за порталот „Прес 24“ велат дека падот на детето го ублажиле жици за сушење алишта како и некој сосед кој се нашол на местото на настанот.
Полициската истрага е во тек.