ВМРО – ДПМНЕ: Најтешко им е на бројките кога СДСМ ќе реши да си игра весела математика

Најтешко им е на бројките, секогаш кога штабот на СДСМ ќе реши да си игра весела математика и да ги убедува граѓаните дека во време на нивното владеење Република Македонија имала 15 милиони жители и сега се намалила на само 2 милиони. Влијанието од викендот кој Заев го помина на Палма де Мајорка очигледно уште е силно во СДСМ, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

Најтешко им е на бројките, секогаш кога штабот на СДСМ ќе реши да си игра весела математика и да ги убедува граѓаните дека во време на нивното владеење Република Македонија имала 15 милиони жители и сега се намалила на само 2 милиони. Влијанието од викендот кој Заев го помина на Палма де Мајорка очигледно уште е силно во СДСМ.

Во измислените бројки на „исселени Македонци“ според математиката на СДСМ од викендов е и Зоран Заев кој одмараше на Палма де Мајорка и Радмила Шеќеринска која летово одмараше на луксузните одмаралишта во Грција. Очекуваме кога ќе се врати Заев во Македонија бројот на исселени СДСМ да го намали барем за еден човек.

Дотогаш, еве малку спорт и рекреација за математичарите од Бихаќка – во време на владеењето на СДСМ 200.000 Македонци завршија на улица и живееа со нула денари на ден. Беа затворени речиси 700 индустриски капацитети.

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се отворија повеќе од 140.000 нови работни места. Во Македонија влегоа повеќе од 50 директни странски инвестиции меѓу кои се Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици други производствени погони низ цела Република Македонија.

Само преку проектот „Македонија вработува“ се вработија речиси 9.000 граѓани. Со мерката за самовработување следната година се планирани нови 1.000 работни места, односно 920 нови бизниси.

Овие бројки не се гледаат од далечната Палма де Мајорка. Од таму не се гледаат ни трите ветени индустриски зони во Струмица, 300-те погони и 3.000 нови вработувања кои ги вети Заев, а денес од нив нема ништо. Од Палма де Мајорка не може да се видат ни 1.500 нови работни места кои токму во Струмица ќе се реализираат благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, народот кој не им крати на своите вработени за да има за викенд-туризам во Палма де Мајорка гледа. Народот гледа и знае кој се грижи за него и отвара нови работни места, а кој знае само да лаже и манипулира за да ја покрие сопствената неспособност.

159 дена до 24 април. Уште толку дена до крајот на СДСМ. Казната им доаѓа.