Изградба на плошатд во село Бардовци

Во село Бардовци почна изградба на плоштад кој воедно е инвестиција на Владата на Република Македонија преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство.

plostad

Овој плоштад ќе има околу 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со клупи, фонтана и игралишта за деца. Покрај изградбата на плоштадот, ќе се асфалтираат и неколку улички во село Бардовци.

plostad2

На настанот присуствуваше премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалниците на Скопје и на Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директори на јавните претпријатија на Град Скопје (ЈСП „Скопје“, Водовод, Скопски катастар), претседателот на Владата ги слушаше потребите на граѓаните од овој дел на Скопје, а неговите соработници ги земаа нивните податоци за да ги контактираат.

plostad1

Груевски истакна дека Владата преку Програмата за рурален развој инвестира во сите општини во Република Македонија  за изградба на водоводи, канализациски мрежи и други инфраструктурни проекти кои им се најпотребни на граѓаните.

plostad4