
Јаболковиот оцет можете да го користите за избелување на забите и превенција од болести на вилицата.
Ја регулира PH вредноста во усната шуплина која е многу често нарушена поради прехрамбените навики. Јаболковиот оцет ќе ја намали киселоста во устата и на тој начин ќе го намали ризикот од настанување на болести на вилицата.
За избелување на забите јаболковиот оцет помешајте го со вода – 1 лажичка јаболков оцет со 1 шолја вода. Наутро веднаш по миењето на забите, исчеткајте ги и со јаболков оцет. Ова правете го секој ден за да се ослободите од дамките на забите.
Смесата од јаболковиот оцет и водата пред употреба добро промешајте ја. Оцетот секогаш разредете го со вода бидејќи може да ги оштети вашите заби. Немојте со оцетот да ги миете забите повеќе од еднаш дневно за да не ја оштетите глеѓта.