Мадона го прекина концертот во чест на жртвите на масакрот во Париз (ВИДЕО)

Мадона го прекина концертот во чест на жртвите на масакрот во Париз
Мадона го прекина концертот во чест на жртвите на масакрот во Париз

Поп кралицата Мадона го прекинала својот концерт во Шведска, за да им оддаде почит на жртвите на масакрот во Париз.

„Јас овде играм и пеам додека луѓето плачат поради смртта на своите блиски“, вели таа, бришејќи ги солзите.

„Има луѓе кои немаат никаква почит кон човечкиот живот, и луѓе кои на други им прават работи кои не може да се простат. Но, ние никогаш, никогаш нема да го смениме светот во кој живееме, ако прво не се сменме себе си, ако не го смениме начинот на кој ги третраме другите, на дневна база. Само љубовта ќе го смени светот. Но, многу е тешко да се сака безусловно и многу е тешко да го сакаме тоа што не го разбираме, или тоа што е поразлично од нас. Но, мораме, во спротивно постојано ќе се случува ова“, додаде таа.