
Од недела врнежи од дожд и снег. Како што најавуваат од УХМР, во недела не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег.
Инаку, до петок се очекува да преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.
Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.