
Француската полиција во текот на минатата ноќ изврши 128 претреси додека сеште е во сила вонредната ситуација која е прогласена по нападите во Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов.
Во големата операција синоќа беа извршени 168 претреси во 19 француски департмани, при што беа приведени на сослушување 23 лица и одземени 31 парче оружје.