Борников додаде дека во авионот експлодирала рачно изработена бомба еквивалентна на 1,5 килограми ТНТ.
Дефинитивно можеме да кажеме дека рушењето на авионот е терористички напад. За време на летот била активирана експлозивна направа поради која авионот се распаднал во воздух, изјави тој.

Претседателот на Русија нагласи дека ќе бидат пронајдени и казнети оние што стојат зад нападот.
Нашата војна акција не само што треба да се продолжи, туку мора да биде засилена за терористите да сфатaт дека одмаздата е неизбежна, изјави Путин.