
Кај Катланово сообраќајот се одвива по една лента, откако се преврте цистерна.
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 10 часот на автопатот Скопје – Велес кај Катланово кога се преврте товарно моторно возило -цистерна на „Оилко“. По сообраќајницата е истурен бензин, кој сѐ уште тече.
Во сообраќајната несреќа нема повредени, потврдуваат од СВР Скопје.
Сообраќајот се одвива нормално по една коловозна лента. Полицискиот увид е во тек, по што ќе се знаат причините за несреќата.