
Секој во оваа држава треба да знае дека ниту докторот не може да се однесува спротивно на законот, а ниту пациентот може да се однесува спротивно на законот и да го нападне докторот, подвлече министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашното гостување на емисијата „Од наш агол“ на МТВ.
И едните и другите треба да работат во околина во која што меѓусебно ќе се почитуваат, пациентот да го почитува докторот,а докторот пациентот, заклучи Тодоров, а тоа подразбира баланс меѓу правата и обврските на докторите и пациентите.
Министерот зборувајќи за немилите случувања во Гевгелија и во скопската Клиника, истакна дека екстремите на поединци по дефиниција не се добри и истите треба да се избегнуваат, а она што е најбитно е дека екстремите не се дефиниција на системот.