
Доколку сакате здраво срце, ниско ниво на лош холестерол и брзо слабеење – навалете на ореви!
Оревите се сметаат за еден од најдобрите извори на омега 3 масни киселини, како и витамин Е. Само 14 ореви содржи над 2,5 грама омега 3 масни киселини, што е отприлика количина содржана во две и половина капсули на типичен производ со омега 3 како додаток во исхраната.
Јаткастите плодови помагаат во снижувањето на „лошиот“ холестерол и ги спречуваат коронарните заболувања на срцето.
Студиите покажале многу интересни податоци. Така, истражувањата покакажале дека личностите кои барем четири пати во текот на неделата конзумирале по една шака јаткасти плодови ризикот за срцеви заболувања го намалиле за 37 отсто. Јаткастите плодови не содржат холестерол и совршено се вклопуваат во стратегијата на диетотерапија, а исто така ги спречуваат болестите на крвните садови.
Важно е да се напомене дека препорачаната количина е 1/3 шолја јаткасти плодови.