НБА: Голден Стејт е неприкосновен – и по 12 натпревари сеуште нема пораз

Голден Стејт е неприкосновен во НБА - 12 натпревари, 12 победи

Тоа е убедливо најдобар старт во историјата на Вориорси, а потребни им се само уште три победи за да го израмнат рекордот од 15-0 што го држат Вашингтон Капиталс од 1948 и Хјустон Рокитс од 1993 година.

Ноќешниот триумф воопшто не беше лесен бидејќи Торонто успеа да достигне негатива од 18 поени, а во финишот губеше со еден разлика и имаше напад. Сепак, Кари извади фаул во напад од Лоури на 15 секунди пред крајот по што Голден Стејт ги врати работите на свое место.

Интересно е тоа што кај домашниот тим сите играчи што се појавија на теренот се запишаа во листата на стрелците, а Кари, освен 37-те поени, оствари уште девет асистенции.

Кај Торонто, Дерозан и Лоури постигнаа по 28 поени.



НБА резултати:

Г.Стејт – Торонто 115:110
Детроит – Кливленд 104:99
Мајами – Минесота 91:103
Бруклун – Атланта 90:88
Њујорк – Шарлот 102:94
Њу Орлеанс – Денвер 98:115
Вашингтон – Милвоки 115:86