
Мажот кој денес сакаше да скокне од зграда на улицата Македонија е спасен.
Станува збор за четириесет и двегодишен маж од Скопје, кој во алкохолизирана состојба се качил на скеле на четвртиот кат од зградата над ресторанот „Мекиците на стража“ и сакал да скокне.
Инцидентот се случил околу 12:30 часот, а од намерата за скокање од зградата го одвратиле припадниците на Единицата за брза интервенција – АЛФИ.
Веднаш по спасувањето, мажот е пренесен на Клиниката за токсикологија.