
Полицијата запленила сто килограми експлозив во операција во Анкара.
Експлозивот бил скриен во земјата од Курдската работничка партија ПКК.
Полицијата го следела извесно време местото, каде бил запленет експлозивот – нитрометан со голема моќност, и уапсила лице, кое пристигнало за да го земе.
Приведениот е идентификуван како член на ПКК.