ФОТО: Откриена фабрика за производство на фалсификувани патики

Вчера, по добиена наредба за претрес од судија во претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, бил извршен претрес на посоченета локација. Во работилницата се затекнати лица кои изработувале обувки, како и поголема количина готови обувки спремни за испорака на купувачи. Покрај готовите производи пронајдени се и повеќе машини на кои е вршено производството.

При извршениот претрес пронајдени  се 154 пара готови обувки со лого на познати трговски марки.

Откриена фабрика за производство на фаслификувани патики
Откриена фабрика за производство на фаслификувани патики

Покрај готовите производи, откриени се обувки во фаза на изработка, како и голема количина репроматеријал за изработка на спортски обувки, како етикети, апликации, горништа, ѓонови, од кои би се произвела поголема количина обувки.

Производите и машините се привремено одземени, а по комплетирање на сите докази, Царинската управа на Република Македонија против осомничените ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма”.