Во исто време, охрабрува фактот што туристите во земјава се задржувале на подолг период, сигнал дека туристичката понуда се збогатила, па оттука и бројот на ноќевања во деветте месеци од годинава се зголемил за 9,1 процент, со позитива од 13,4 проценти во делот на странските туристи.
Како се движеше растот годинава?
Првиот месец од годинава почна со зголемување на бројот на туристи за 6,4 проценти во однос на истиот период лани, за во следниот месец веќе да се постигне раст од 9%. Следуваше март, месец во кој е регистриран минимален пад, за во април да се забележи снажен раст од 17,6%. Бројот на туристи во мај се зголеми за 7,4%, за во јуни да имаме позитива од само 1%, според познавачите на состојбите, како резултат на случувањата во кумановската „Дива Населба“, кои придонесоа дел од договорените аранжмани да бидат откажани. Стравот на туристичките работници дека сезоната може да пропадне се покажа како неоправдан. Како резултат на брзата реакција на Владата и на преземените мерки за враќање на имиџот на земјава како сигурна туристичка дестинација, Македонија продолжи со високите стапки на раст, за да заокружиме и повеќе од успешна летна туристичка сезона.
Една од најуспешните сезони во летните центри
Охрид, Струга, Преспа и Дојран зад себе оставија една од најуспешните туристички сезони. Зголемениот број туристи донесе и зголемени приходи, па сега се мерка зимската сезона.
Во летната туристичка сезона го надминавме бројот на ноќевања од лани и покрај неколкуте неприлики. Почнавме да правиме подготовки за новата сезона, а се продаваат и аражмани за новогодишните празници. Сметаме дека Охрид и Струга ќе бидат добро исполнети за новогодишните празници, вели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.
Ние како локална самоуправа постојано сме посветени на омасовување на промотивните и на сите други активности кои ја збогатуваат туристичката понуда и носат поголем број гости. Тоа полека дава резултат. Бројот на гости кои доаѓаат во Охрид постојано се зголемува, а се проширува и листата на држави од каде доаѓаат туристите, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Владата продолжува со политиката на субвенционирање
За 8 години…