Евролига: Антиќ со 10 поени допринесе во победата против Баерн Минхен

Антиќ во тирумфот против Баерн Минхен постигна 10 поени, 3 скока и асистенции

Антиќ беше стрелец на десет поени, а оствари и три скока и три асистенции во убедливата победа над Баерн Минхен (67:84). Тоа е петта победа за избраниците на Жељко Обрадовиќ во шестиот меч од годинашното издание на Евролигата.

Олимпијакос и без своите најдобри играчи Спанулис и Принтезис славеше на гостувањето кај Цедевита, а и ЦСКА Москва им се врати на победите, откако го совлада Макаби во Тел Авив со 82:88. Милош Теодосиќ со 25 поени и пет тројки од десет обиди ги предводеше “армејците” до победата.

Жалгирис беше подобар на домашен терен (67:56) од Зиелона Гора, а и Лаборал Куча ја искористи поддршката од публиката во дуелот со Армани Милано (94:82).

Најнеизвесен беше дуелот меѓу Стразбур и Црвена Звезда.

Срспкиот тим на полувремето имаше убедлива предност (34:52), но одигра катастрофално во третата и во четвртата четвртина и на крајот сепак загуби (78:75).

Барселона беше убедлива против Каршијака (107:79).