Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија

жниот сосед бегалците и мигрантите ги насочува и организирано ги превезува само кон македонска територија, а не и кон соседните Албанија и Бугарија, кои што се патем дел од НАТО и од ЕУ. 

Соросовата машинерија во Македонија со идентична реакција 

Со речиси идентични критики за одлуката на македонските власти се јавија и проопозициските и соросови медиуми, организации и активисти во Македонија, кои што поставувањето на бодликавата жица го оценија како погрешно и повикаа границата да остане отворена. Ако се земе предвид дека за само еден ден во Македонија преку нелегалните премини влегле околу 500 економски мигранти, кои што понатаму не се пропуштаат кон Србија, Хрватска и Унгарија, тогаш реализацијата на нивното барање за отворена граница би можела да резултира со нелегален премин на 20 000 економски мигранти во Македонија за само еден месец.
Соросовата машинерија во континуитет се претставува како заштитник на правата на бегалците и мигрантите, обидувајќи се да покажат наводно прекршување од страна на македонските власти, иако според познавачите на состојбите, меѓу кои и рускиот експерт и новинар Андреј Корибко, идеата е оваа категорија на лица да се искористи во престојните нови обиди за предизвикување на обоена револуција во Македонија, во пресрет на предвремените избори во aприл. Особено се предупредува на фактот што меѓу бегалците има камуфлирани терористи, а постојат верувања дека тие претставуваат најмалку еден процент од вкупниот број на бегалци.
И унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна го обвини Џорџ Сорос дека е најсилен пример  за оние што поддржуваат сè што ги ослабува националните држави и сè што го менува традиционалниот европски животен стил.
Оваа мигрантска инвазија се води од страна на шверцери, а од друга страна од активистите на Џорџ Сорос, кои внимаваат на „човечките права” и прават сè кое што слабее и подкопува дадена држава , изјави Орбан, нагласувајќи дека станува збор за западни фондови и цела мрежа од активисти кои што се поддржани и финансирани од Сорос.