ФОТО: Хелоу, тоа сум јас!

Адел успеа да ги измами и нејзините најголеми обожаватели. Таа на фотографијата што ја објави на Инстаграм е целосно непрепознатлива со маска за лице и витлери.

Пејачката чиј најнов хит „Hello“ постојано се врти на радио станиците во светот, покажа која е нејзината тајна рутина за убавина.

Под фотографијата, Адел напиша: „Вака се будам“.

adel-2

По ова објави уште една фотографија каде целосно е нашминкана со импресивни зачадени очи.