
Одреден број заштитни одела се украдени од болница во Париз. Оделата биле во заклучена просторија, а се слични на оние кои ги носат луѓе кои работат со заболени од ебола.
Кражбата официјално била пријавена во четвртокот, истиот ден кога францускиот премиер Мануел Валс во Парламентот предупреди дека „постои опасност терористите да употребат хемиско и бактериолошко оружје“, пренесува Танјуг.
Од 13. ноември, кога во Париз беа изведени серијата терористички напади, во цела Франција се воведе вонредна состојба. Во нападите во Париз погинаа 130 лица.
Во соопштението на француската управа за државни болници се наведува дека „исчезнал еден број заштитни одела“, но не се потврдуваат информациите од медиумите дека се украдени десетина херметички заштитни одела, триесетина чифта специјални чизми отпорни на хемиски агенси, ракавици и анти-бактериски маски.