Седум тајни на Универзумот што ќе ви помогнат да ги остварите желбите

Престанете да се фокусирате на она „еднаш кога ќе се создадат услови“. Ова можеби треба да го ставите на првото место. Ако ништо не се случи за една до две недели, не смеете да се разочарате. Привлекувањето веќе се случува, а вие „го туркате од себе си“ со чекањето да се оствари.

Колку повеќе очекувате желбата да се исполни, толку повеќе се убедувате себе си дека тоа го немате. Така и понатаму сметате дека реалноста е дека „јас тоа го немам“, таа мисла вие во главата, а она на што му праќате енергија – расте, затоа што наата потсвест само работи на задачата што нашето свесно му ја задало, понекогаш и без јасна намера. Затоа и се вели – внимавајте што посакувате, може да ви се оствари. Значи, грешка е да држите до мислите во главата „јас немам“ и да не дозволувате да ви се оствари.

Само дозволете да се оствари. Заборавете на тоа како и кога ќе ви се оствари. Ќе се оствари тогаш кога ќе му дозволите. Но, првиот предуслов е акција – и тоа веднаш! Немојте само да седите дома и да очекувате дека она што го посакувате ќе ви „тропне на врата“.

  1. Дозволете си себе си да примите

Секој што не успеал во Законот на привлечноста, самиот незнаел да го прими она што го посакувал. Тоа никогаш нема да дојде онака како што сме замислувале и посакувале, туку на свој начин. Морате да имате отворен ум за да ги забележите сите мали сигнали и да ги препознаете шансите, за да ги искористите. Неможете само да седите и да чекате парите да ви паднат од небо. Некој или нешто мора да биде каналот низ што желбата ќе ви се оствари.

Ако сакате повеќе пари ќе ви се укаже прилика да дојдете до нив. Немојте да се форсирате, само бидете отворени за можноста дека и за вас постои лесен начин за заработка во кој ќе уживате, без да се мачите. Ако сакате убава врска, тогаш одете на места каде има шанси да сретнете онаква личност како што посакувате и тоа ќе се случи. Ако сакате подобра работа, одете таму каде што ја има, поврзете се со луѓето што го работат. Направете мал чекор напред и видете како ви се отвораат патиштата.

  1. Окружете се со позитивни луѓе, елиминирајте ги негативните од вашиот живот

Луѓето заеднички…