
Фрлена експлозивна направа врз полициска станица во БиХ. Врз полициската станица во Завидовиќи синоќа била фрлена експлозивна направа. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага за сторителите, јавува „Танјуг“.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко – добојскиот кантон Алдин Ахмиќ изјави дека непознато лице околу 00.15 часот фрлила експлозивна направа врз анексот на зградата на полициската станица во Завидовиќи, при што е причинета материјална штета.
Тој потврди дека никој не е повреден и додаде дека полициските тимови работат на идентификување на лицата што ја фрлиле бомбата.
Повеќе информации се најавуваат за подоцна во текот на денот.