
Се обеси старец од струшко Мислешево. Како што јавува МВР, 82- годишниот Б.П. од село Мислешево – Струга вчера околу 11.50 часот бил пронајден обесен со јаже поставено на греда во штала.
Од страна на итната медицинска помош Струга констатирана е смрт со видливи повреди на предниот дел од вратот.
По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот нема да се врши обдукција, а телото е оставено на фамилијата за погреб.