
Македонскиот филм „ Трето полувреме “ ќе го отвори 4. Биенале на израелкиот и еврејскиот филм во Нанси, Франција, кое ќе се одржува од утре до 29 ноември, јавува дописникот на МИА од Париз.
На отворањето на Биеналето и на проекцијата на филмот се очекува да присуствува актерот Сашко Коцев, кој игра една од главните машки улоги во филмот на Дарко Митревски.