
Украина забрани руски авиони да прелетуваат над нејзина територија, соопшти денеска премиерот на земјата, Арсениј Јацењук.
– Украинската Влада реши да забрани секакви летови на руските авиокомпании во воздушниот простор на Украина“, соопшти Јацењук на заседание на министерскиот совет.