Иванов, меѓу другото истакна дека од регионот има повеќе од илјада борци на боиштата во Сирија и Ирак, а 60 отсто од нив се веќе вратени во регионот, а тоа, како што посочи, е состојба која загрижува.
Затоа е неопходна соработка меѓу безбедносните служби и да се разменуваат чуствителни податоци за да не се случат слични настани и во нашиот регион какви што имаше во Париз, рече Иванов.
Потенцира дека и бројот на бегалците наместо да се намалува како што доаѓа зимата се зголемува.
На македонско-грчката граница сега имаме илјадници луѓе од Мароко, Јемен, Северна Африка, Бангладеш, Пакистан,… Коридорот што беше отворен од бегалците од Сирија и Ирак сега го користат економски мигранти за да патуваат кон Европа. Сите земји се соочуваат со големи издатоци да им ги покријат хуманитарните потреби зашто им треба храна, вода и медицинска помош. Македонија веќе се ближи до 10 милиoни евра потрошени во овој период, а помош нема од никаде освен одредени симболични суми што ги добиваат нашите хуманитарни организации од други слични организации, истакна Иванов.
Тоа, според него, укажува дека треба да се преземат мерки зашто земјите како Шведска преземаат мерки, а и Германија планира да направи исто, за што е свикан и Самитот меѓу ЕУ и Турција од каде доаѓаат најголем дел од бегалците и мигрантите.
Да се промени статус кво состојбата со евроинтеграциите
За пораките…