Европа со месеци наназад се бори да излезе на крај со најголемата бегалска криза, но јавноста се повеќе е загрижена за безбедноста по нападите врз Париз, во кои припадниците на Исламска држава убија 130 лица.
Бегалците да се сместуваат во земјите што граничат со Сирија
Валс рече дека ЕУ мора да се заштити така што ќе се спротивстави на бегалската криза во нејзиниот корен и ќе обезбеди милионите лица што побегнале од Сирија да се сместат во земјите што се граничат со таа земја, а не да одат до Европа.

Европа мора да најде начин бегалците да се сместуваат во земјите што граничат со Сирија. Во спротивно се доведува во прашање способноста на Европа ефикасно да ги контролира сопствените граници, истакна Валс.