Поставени нови автобуски постојки во Илинден

Општина Илинден во насока на подобрување на квалитетот на јавниот превоз изврши набавка и монтажа на нови пет автобуски постојки.

Новите автобуски постојки се поставени на места каде што досега немаше поставено автобуски стојалишта или, постоечките настрешници беа стари, оштетени и дотраени, со што граѓаните што чекаа автобус немаа каде да се засолнат во случај на невреме.

Автобуските постојки се изработени според светски стандарди и се далеку побезбедни за корисниците на јавниот превоз, а се состојат од повеќе елементи: настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци и информативна табла.

Со реализацијата овој проект Општина Илинден на своите граѓани ќе им овозможува модерни автобуски постојки, ќе го подобри квалитетот на живеење и ќе придонесе кон урбаниот изглед на општината.