
За само неколку часа во Катар паднала количина на дожд која инаку паѓа за време на една година, што доведе до поплави во градот и проблем на аеродромот во Доха.
Дождот го оштети меѓународниот аеродром во Доха кој е дом на „Катар ервејз“. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како покривот обилно протекува, но и покрај тоа летовите се одвиваат нормално во текот на денот.
Освен тоа, во Доха се поплавени некои улици и продавници. Училиштата и трговските центри се затворени, како и амбасадата на САД.
Водата на одредени места е висока над два метри, а на фотографиите можат да се видат автомобили на кои се гледа само покривот.