Претставниците на компанијата информираа за работата на компанијата и перформансите со кои таа располага. Џим Лу од Хуавеи истакна дека посетата на делегацијата е добра можност изворно да се запознаат со бизнис-можностите и потенцијалите кои стојат на располагање, но и дека тоа е доказ за посветеноста на владата, одличниот третман кон инвеститорите и отвореноста за бизнис соработка.

Лу истакна дека компанијата Хуавеи има свои планови за проширување на нови пазари и дека детално ќе ги разгледа условите и можностите кои им стојат на располагање.