
Припадници на специјалните единици на САД пристигнале во северна Сирија, каде што ќе ги обучуваат силите на умерената сиријска опозиција и курдските борци против ИСИС.
Припадниците на армијата на САД дошле во Кобане и во покраината Хасаки, каде што ќе ја обучуваат новооснованата арапско-курдска коалиција.
САД кон крајот на октомври најави дека ќе испрати специјални сили кои ќе ги обучуваат борците во борбата против ИСИС, и дека ќе покренат копнени воени акции доколку е тоа потребно.
Американците на почетокот на октомври ја сменија програмата за обука и снабдување на сириските бунтовици, бидејќи за вложени 500 милионии долари се обучени само 60 борци, наместо планираните 5.400.