„Билд“: Париските напаѓачи купиле автомати преку Интернет од Германија

Велика Британија е следната цел на ИСИС

Германскиот весник „Билд“ денеска пишува дека терористите кои извршија напади во Париз на 13. ноември оружје купиле преку Интернет од Германија.

Германските истражни органи утврдиле дека автоматите на теорористите биле доставени од Германија и биле купени од трговец на оружје преку Интернет.

Осомничениот трговец со оружје во моментот се наоѓа во истражен затвор во Штудгарт.

Според податоци на специјалните служби во почетокот на ноември тој продал четири автомати калашњикови. Од неговата електронска пошта станува јасно дека оружјето било продадено на „Арапи од Париз“.