Ројтерс го цитира весникот „Сауди Оказ“ каде се вели дека овие 55 лица се обвинети за бунт, напад врз безбедносните служби, обид за „пуч“ и за изведување на напади со експлозиви и земја-воздух ракети. Според Оказ, оние што се осудени на смртна казна убиле над 100 цивили и 71 припадници на безбедносните служби.
Еден од затворениците е обвинет за обид за набавка на нуклеарен материјал во Јемен вреден 1, 5 милиони долари со цел да го употреби во Саудиска Арабија.
Морничавиот пораст на егзекуции во саудиска Арабија годинава, заедно со таинствената и подвоена природа на судските одлуки и егзекуции во кралството, не ни остава избор освен да ги зфатиме овие закани мошне сериозно, вели Џејмс Линч, заменик директор на Програмата за Средниот Исток и Северна Африка во Аменсти интернешнл.
Годинава околу 150 лица веќе биле егзекутирани, што претставува пораст од 26 отсто во однос на 2014-тата.